Данијела Мартиновиќ по 3 години врска, искрена за саканиот: „Моите го обожаваат, го ставија на трон“

„Брзо се снајде, дури и со далматинскиот хумор. Го обожаваат, го ставија на трон. Воопшто не разбирам“, вели Данијела, која и после 3 години врска, ретко зборува за саканиот.

danijela-martinovikj-po-3-godini-vrska-iskrena-za-sakaniot-moite-go-obozhavaat-go-stavija-na-tron-01.jpg

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ од 2022 година ужива во љубовта со Јосип Планиќ, поранешен полициски инспектор, но и музичар.

За нивната врска јавноста дозна следната година, и иако оттогаш поминаа неколку години, Данијела одговара на прашања поврзани со него, но сепак, деталите ги чува за себе.

Токму затоа ја изненади јавноста кога откри дека нејзиното семејство го обожава нејзиниот дечко.

danijela-martinovikj-po-3-godini-vrska-iskrena-za-sakaniot-moite-go-obozhavaat-go-stavija-na-tron-05.jpg

Таа, во пресрет на Божиќ и Нова година, пејачката во интервју откри како изгледаат празниците кај нејзиното семејство, па го спомна и Јосип.

„Кај нас често има весела атмосфера, а Јосип знае да се придружи на семејниот хор. И добар е во повеќегласно пеење.

Брзо се снајде, дури и со далматинскиот хумор. Го обожаваат, го ставија на трон. Воопшто не разбирам“, рекла Данијела, која гради куќа со Јосип.

danijela-martinovikj-po-3-godini-vrska-iskrena-za-sakaniot-moite-go-obozhavaat-go-stavija-na-tron-02.jpg

Таа рекла и дека сакала годинава да биде домаќинка на божиќната вечера, но куќата и понатаму не е доградена.

„Мислев дека ќе се случи оваа година, но како што велат, човек сонува, а Бог одлучува. Сепак, нема да се случи оваа година, но сигурно ќе биде следната година.

Сè трае малку подолго, но во ред е. Знаете, секој што изградил куќа и секој што гради нешто во својот живот знае дека за работниците, две недели обично значат 2 или 3 месеца.

Мислам, сигурна сум дека следната година тоа ќе се случи кај нас“, додала Данијела.

danijela-martinovikj-po-3-godini-vrska-iskrena-za-sakaniot-moite-go-obozhavaat-go-stavija-na-tron-04.jpg

За потсетување, тие почнаа врска брзо откако Данијела и Петар Грашо раскинаа по 24 години љубов.

Се запознале кога нејзиниот адвокат поднел жалба за кражба на идентитет преку интернет, а Јосип бил назначен како инспектор на случајот.

Инаку, Јосип ѝ се врати на музиката на почетокот на минатата година - ја напушти полицијата и го обедини стариот бенд Izvan zakona.

danijela-martinovikj-po-3-godini-vrska-iskrena-za-sakaniot-moite-go-obozhavaat-go-stavija-na-tron-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава