Оља Црногорац: „Купивме стан во стара зграда, мајсторите најдоа скриена икона од св. Ѓорѓи – ова е чудо“
- Детали
- петок, 05 декември 2025
„Мојот сопруг купи стан во Белград, во зграда од 1932 година. Пред нас, сопствениците наредиле да се уништи оваа икона, но мајсторот не сакал да го изврши тоа, ја заѕидал и оставил писмо кое ние сега го најдовме: ‘Почитувани, еден ден, некој ќе ја пронајде оваа икона, и му ја посакувам цела среќа на овој свет и сакам никој никогаш да не ја уништи“.

Српската манекенка, водителка и инфлуенсерка, Оља Црногорац, е позната по својата борбена природа и по тоа дека верува во чуда.
Во 41-та година од животот таа се реализираше како мајка, по долга борба со неплодноста, кога остана бремена по природен пат, додека барала сурогат мајка.
Сега, таа сподели видео во кое уште еднаш потврди дека не само што верува, туку и дека ѝ се случуват чуда.
Нејзиниот сопруг неодамна купил стан во Белград, во постара зграда, а мајсторите при реновирањето, нашле скриена икона од св. Ѓорѓи.
Во видеото таа стои покрај иконата и ја раскажува приказната зад тоа:
„Драги мои, сакам да ви ја раскажам приказната, како го откривме ова чудо, оваа икона каде св. Ѓорѓи ја убива ламјата, во нашиот стан.
Имено, мојот сопруг го купи овој стан во центарот на градот и почна да го реновира. Зградата е многу стара, датира од 1932 година.

Пред него, во овој простор била хрватска компанија и секако, тие наредиле оваа православна икона да се уништи.
Меѓутоа, мајсторот на кого му била дадена таа задача, не сакал да го изврши тоа.
Тој ја заѕидал оваа икона и кога го кршевме овој ѕид, наидовме на оваа икона и на мало писмо.
Писмото било токму од тој добар ѕидар кој не сакал да ја уништи оваа светост.

Писмото гласеше:
‘Почитувани, еден ден, некој ќе ја пронајде оваа икона, и му ја посакувам цела среќа на овој свет и сакам никој никогаш да не ја уништи.
Јас сум (тој и тој), наредено ми е (тоа и тоа), но јас не можев да го извршам тоа, затоа што го сакам Бог, ја сакам оваа земја’.

И кога нашиот мајстор ја открил оваа икона, бидејќи работата траела, тој ставил плексиглас преку неа, а утредента кога дошол, се случило чудо.
Кога мајсторите дошле, она што го виделе било чудо, заради тоа што преку плексигласот се исцртала цела икона.
Никој не можеше да верува, мене ова ми спаѓа под научна фантастика и чудо, како да оваа икона нè избрала баш нас двајца.

А погледнете колку е добра иконата, уште се гледаат влакненцата од четката на уметникот.
Јас денес, толку многу години подоцна, се заблагодарувам на тој добар мајстор кој не сакал да го уништи ова чудо и светост и се заблагодарувам и на човекот кој го рушеше овој стан, и кој на прекрасен и внимателен начин ја зачувал оваа икона.
Дали вие верувате во чуда? Јас да...“
Погледнете го видеото:
М. М. | Црнобело