Лука Дончиќ го избра семејството пред кариерата - Си отиде во Љубљана за раѓањето на ќерката, пропушта натпревари со Лејкерси
- Детали
- петок, 05 декември 2025
Дел од медиумите веќе напишаа дека саканата на Дончиќ ноќеска се породи со втората ќерка на парот, кој кон крајот на 2023 ја доби ќерката Габриела, но веста засега не е потврдена.

Словенечкиот кошаркар и ѕвездата на LA Lakers, Лука Дончиќ пристигна во Љубљана за да го дочека раѓањето на втората ќерка.

Од неговиот клуб открија дека тој нема да игра на два (или повеќе) натпревари поради лични причини, а регионалните медиуми открија дека всушност, треба да добие второ дете со свршеницата Анамарија Голтес и дека таа ќе се породи во Љубљана.

Неколку медиуми (а и на социјалните мрежи) напишаа дека Анамарија ноќеска ја родила нивната ќеркичка и дека ова е втора ќерка на парот, кој кон крајот на 2023 ја доби ќерката Габриела, но веста засега не е потврдена.
Лука, кој пред неколку дена не присуствуваше на вториот роденден на ќеркичката, овој пат го стави семејството пред кариерата, па ја следеше саканата во Словенија за да биде покрај неа кога ќе се породува.

Лука и Анамарија се запознале кога тој имал 12, а таа 13 години и оттогаш се заедно.

Прочитајте и Ја сака од 12 години, фановите тврдат дека е со него за пари: Која е идната сопруга на Лука Дончиќ?
Ѕвездата на Лејкерси ја запроси во Словенија во јули 2023, а по околу 6 месеци го добија првото дете.
Лука често нагласува дека семејството му е светост и дека во животот би бил никој без нив.

Прочитајте и За да го казнат го дадоа на Лејкерси, ја сака сопругата од 12 години - Животната приказна на Лука Дончиќ
А. Ј. | Црнобело