Моменти со трите деца, љубовни бакнежи - Богдана му честиташе роденден на сопругот Вељко Ражнатовиќ
- Детали
- среда, 10 декември 2025
Вељко Ражнатовиќ го слави својот 29-ти роденден, а сопругата му честиташе со серија фотки од архива – моменти на љубов со бакнежи, прошетки во ресторан и на планина, но сподели и спомени со децата во домот на село каде живееја досега пред да се вратат во вилата на Цеца.

Синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ, овој декември наполни 29 години, а по тој повод сопругата Богдана објави честитка на Инстаграм.
Таа сподели повеќе фотографии од нивни заеднички моменти, вљубени бакнежи, но и мигови поминати со децата, во природа, на прошетки, патувања, a веројатно и во домот на село.

Парот подолго време живееше во Тител, бидејќи Вељко сметаше дека Белград е порочен град, па на село одгледуваше прасиња и уживаше во природата со семејството.
Животот на Вељко Ражнaтовиќ и Богдана - имаат 3 сина, гламурот на Белград го заменија со живот на село и фарма

Но, неодамна тој одлучи повторно да се врати во град, па неговата мајка периодов ја реновира вилата на Дедиње, за да направи место за 5-членото семејство на синот.
Повеќе фотографии кои Богдана ги објави:







M. M. | Црнобело