Емина Јаховиќ повторно го тужи Мустафа Сандал – не ѝ купил куќа во Белград, долго време не плаќал алиментација

Пејачката тврди дека не плаќал алиментација, а Мустафа одговори на тоа со Инстаграм Стори со доказ за декемвриската уплата од околу 4.000 евра. Тој исто така требало да ѝ обезбеди автомобил и куќа во Белград, но не го направил тоа, па повторно се на суд, 7 години по разводот.

-emina-jahovikj-povtorno-go-tuzhi-mustafa-sandal-ne-i-kupil-kukja-vo-belgrad-dolgo-vreme-ne-plakjal-alimentacija-01_copy.jpg

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се разведоа во 2018-та и оттогаш постојано се по судови, а сега, 7 години по разводот, повторно го тужеше.

Основата за тужба е тоа што тој не ги исполнил своите обврски од спогодбата при разводот, а во турските медиуми испливаа нови детали за нивниот договор. 

emina-jahovikj-povtorno-go-tuzhi-mustafa-sandal-ne-i-kupil-stan-vo-belgrad-dolgo-vreme-ne-plakjal-alimentacija-03.jpg

Пејачката тврди дека Сандал не ѝ плаќал алиментација кога требало да плаќа, не го исполнил ниту договорот да обезбеди автомобил за неа и децата кога е тоа потребно, како и обврската да ѝ купи дом во Србија, што било претходно договорено. 

Исто така, според спогодбата во разводот, 2 милиони долари од продажбата на заедничката куќа во Турција требало да ѝ припаднат на неа, како и 500.000 долари за образование на децата, чие старателство го доби таа, пишуваат турските медиуми.

emina-jahovikj-povtorno-go-tuzhi-mustafa-sandal-ne-i-kupil-stan-vo-belgrad-dolgo-vreme-ne-plakjal-alimentacija-04.jpg

По многуте написи за нејзината тужба и неговото неисполнување на обврските, Мустафа на Инстаграм Стори објавил документ, кој наводно покажува дека во декември ја исплатил алиментацијата во вредност од 205.000 турски лири (околу 4.000 евра).

emina-jahovikj-povtorno-go-tuzhi-mustafa-sandal-ne-i-kupil-kukja-vo-belgrad-dolgo-vreme-ne-plakjal-alimentacija-.jpg

Емина и претходно го тужеше Мустафа за неплаќање алиментација, а неодамна во емисија изјави дека сега повторно плаќа, но веројатно нередовно, додека пак, на почетокот, од инает одбивал да ја изврши својата должност.

„Плаќа алиментација за децата, иако едно време не го сакаше тоа. Не затоа што е лош татко, туку од инает“.

Во српската емисија пејачката тогаш рече и дека не го прави ова заради парите, туку заради принципот и исполнување на судскиот договор.

„Мустафа повеќе од 2 години не плаќа алиментација. Сите обврски се препуштени на мене. Требаше да купи куќа во Белград, но тоа не го направи.

Тој спор се продолжува. Во мојот случај се работи само за принцип кој мора да се почитува. И понатаму сме на суд. Адвокатите си ја вршат својата работа, не им се мешам.

Тој не е во никаква криза. Ако еден ден има финансиски проблеми, еве јас ќе му работам бесплатно“ – изјавила своевремено за Стори, пишуваат српските медиуми.

Инаку, пејачот во меѓувреме, во 2022 година, се ожени со 19 години помладата Мелис Шутшуруп и неговата свадба турските медиуми ја проценија на 200.000 евра.

emina-jahovikj-povtorno-go-tuzhi-mustafa-sandal-ne-i-kupil-stan-vo-belgrad-dolgo-vreme-ne-plakjal-alimentacija-02.jpg

Прочитајте и  Емина Јаховиќ искрено за љубовта и разводот со Мустафа Сандал: „Ми стана непријател, сакаше да ме оштети“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мустафа Сандал прослави 4 години брак со саканата Мелис со фотки од патувања низ светот: „Ни оди сè ... „Свесна си, нели? Секоја година ни оди сè подобро. Среќен сум што те имам, моја ...
Емина Јаховиќ искрена: „Научив да готвам во бременоста, немав што да правам, а после Мустафа не сум ... „Немав што друго да правам во блажена состојба и научив да готвам. Се селам на с...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Прва објава на сопругот на Марија Микиќ по разводот: „За некого си целиот свет и тој некој те вика Т... „Некогаш, ќерко, ќе бидеш тажна, а никој нема ни да праша зошто. Верувај ми, ќе ...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...

Најчитани неделава