Еден од најубавите српски парови ја живее својата бајка - Ја запроси на Хаваи, го чекаат првото дете
- Детали
- вторник, 16 декември 2025
Немања Миловиќ ја запроси својата сакана Нина Јовановиќ на Хаваи и откри дека тоа му била најлесната одлука во животот. Тие се дефинитивно еден од најфит паровите во Србија.

Немања Миловиќ од Нови Сад по професија е професор по физичко воспитување, но се прослави како персонален тренер во Србија и регионот, а сега на Инстаграм има повеќе од 240.000 следбеници.

Неговата сакана Нина Јовановиќ е активна во истата сфера, а заедно се еден од најубавите и најфит парови во Србија.

Парот постојано патува, живее на разни дестинации, а сега го очекуваат и своето прво дете заедно.


Немања ја запроси на Хаваи и откри дека тоа му била најлесната одлука во животот.



Нина периодов ужива во бременоста, а на својот Инстаграм профил напиша:
„Бременоста не е само физички процес. Тоа е момент кога жената за првпат се соочува со сопствената цел, на ниво што ги надминува сите сознанија што дотогаш ги имала за себе.
Таа менува сè: начинот на кој дишеме, мислиме, чувствуваме и постоиме. Таа е свет премин, миг кога две души се среќаваат во едно тело. Во таа тивка алхемија не се создава само нов живот, туку се раѓа и нова свест.

