Се засрами од новинарите, даде прва изјава - Свршеницата на Саша Ковачевиќ блесна на неговиот концерт во Белград
- Детали
- среда, 17 декември 2025
„Не морам ништо, не сум јавна личност, така што не морам, ама фала ви на сите“ - дрско, но грациозно им кажа Зорана на новинарите кои застанаа пред неа пред концертот на Саша Ковачевиќ во Белград и ѝ кажаа дека мора да се навикнува на медиумското внимание.

Саша Ковачевиќ вчеравечер го одржа првиот од двата концерта во „Сава центар“ во Белград, а во публика беше пола српска естрада.
А во првиот ред, покрај неговата мајка и братот, седеше и свршеницата на Саша, Зорана Тасовац.

Таа блескаше во проѕирен црн фустан со отворен грб. И додека чекаше да почне концертот, на Зорана ѝ пријдоа неколку новинари за да ѝ побараат кратка изјава.
Иако е 8 години во врска со Ковачевиќ, таа ретко се појавува јавно со него, па ова беше првпат да застане пред камерите за да даде изјава.
„Многу сум возбудена, да. На Саша пред концертот му порачав да биде насмеан, да биде расположен, тоа е најважно, да ужива во тоа што го прави, а ужива, секако“ - рече таа.

Новинарите ја прашаа и дали таа има поголема трема од нејзиниот свршеник, а таа со насмевка им одговори дека се во право.
„Кога ќе се соберете тука имам огромна трема“ - рече Зорана.
Новинарите ѝ кажаа дека мора да се навикнува, на што таа рече: „Па и не морам, не сум јавна личност, така што не морам, ама фала ви на сите“.
Ја прашаа и како помина веридбата, а таа само кратко одговори: „Сјајно“.

Зорана не можеше да скрие колку ѝ е непријатно што камерите се вперени во неа.
„Леле добро. Доволно ли е? Фала ви“ - кажа со насмевка.

Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело