Осамна видео од нападот врз Вујадин Савиќ, по скандалот со трансродовата личност - Мирка без реакција
- Детали
- петок, 19 декември 2025
Конкретната причина за нападот врз Вујадин Савиќ не е позната, но се претпоставува дека е поради интимните снимки со кои една трансродова личност го уценува. Неговата партнерка, со која има 4 деца, и овојпат игнорира сè што се случува.

Поранешниот фудбалер Вујадин Савиќ, кој е во долгогодишна врска со актерката Мирка Васиљевиќ и има 4 деца со неа, извесен период се повлече од јавноста откако ја пријави трансродовата личност А.К. за уцена со интимни снимки.

Но, неодамна се појави на детски роденден кај ќерка на колега и почна јавно да се појавува.

За жал, тој веднаш беше нападнат во трговскиот центар „Галерија“ во Белград.

Српските медиуми сметаат дека од непозната причина физички го нападнале двајца мажи додека мирно шетал со пријател, но Вујадин Савиќ се одбранил и, за среќа, не дошло до поголем инцидент.

Неговата сопруга, Мирка Васиљевиќ, не се огласи ниту по овој повод, но преку Инстаграм покажа дека се релаксира со вежбање пилатес на справа.

Погледнете го видеото од нападот:
С. С. | Црнобело