Десингерица повторно со бизарен потег го разлути регионот - Му ја избричи главата на момче од публиката (видео)
- Детали
- среда, 24 декември 2025
По печеното јагне на ражен донесено на настап и фрлањето на валкани чорапи кон публиката, Десингерица со нов згрозувачки потег на настап, овојпат му ја избричи главата на фан среде настап во ноќен клуб во Хрватска. Потоа, се прошета на настан со сопругата, која очигледно го поддржува во сите потези.

Српскиот рапер Десингерица повторно направи скандалозен потег на свој настап, овојпат во Хрватска.

Тој настапуваше во еден ноќен клуб, каде му ја избричи со машинка главата на едно младо момче од публиката.

Видеата вирално се споделуваат, а на нив се гледа како Десингерица му ја бричи косата на момчето, додека во позадина свири песната „Мама воли бебу“.
Видеото од оваа сцена го објави и самиот тој на својот Инстаграм профил.
Кликнете на бизарното видео:
Драгомир Деспиќ - Десингерица е познат по бизарните настапи, па за време на настапот во Хрватска на сцената донесе и палачинки со крем.
Минатото лето Десингерица настапуваше во клуб во Будва, кога на сцената донесе печено јагне на ражен.
Прочитајте и „Наплаќа како да е Чолиќ“ – Колку заработува Десингерица од настапите на кои ги мава децата со патики?

Откако го подигна, почна да гризе парчиња месо, а капки маснотија паѓаа по главите на обожавателите.
На претходни настапи ја има гаѓано публиката со валкани чорапи, има рендано кашкавал врз нивните глави, а и удирал обожаватели со патики.

Инаку, тој е во брак со саканата Невена и со неа има ќерка. Таа постојано се појавува со него и очигледно му е поддршка во начинот на кој тој ја води својата кариера.