Анабела Атијас живее со бившиот сопруг по разводот: „Имаше мрачен период, но повторно се зближивме“
- Детали
- сабота, 06 јуни 2026
„Не можев да го гледам неговото самоуништување и не знаев како да му помогнам. Моето заминување беше најдобрата одлука за да се разбуди“, вели Анабела, која 7 години откако се разведе од поранешниот сопруг, живее со него.

Пејачката Анабела Атијас од 2012 до 2019 беше во брак со бизнисменот Андреј Атијас, но се разведоа поради неговите проблеми со алкохолот.
Ова беше втор развод на Анабела, откако имаше тежок и турбулентен развод од Гаги Џогани, со кого пееше во групата „Фанки Џи“.

Брзо по разводот со Андреј, Анабела изјави дека љубовта меѓу нив не исчезнала, но дека таа не можела да се справи со пороците на својот поранешен сопруг.
„Имаше мрачен период, беше многу лош и секако, гледајќи го таков, многу страдав.
Повеќе не можев да го гледам неговото самоуништување и не знаев како да му помогнам. Моето заминување беше најдобрата одлука за да се разбуди.

И тогаш покажа колку е силна таа љубов. Ние двајца немавме толку голем проблем колку што јас имав проблем со тоа што тој имаше проблем и што мораше да работи на себе.
Ние двајцата никогаш не сме се изневериле еден со друг. Никогаш немаше трета личност.

На денот кога се пријави на лекување, ме замоли да му бидам поддршка и тогаш повторно се зближивме.
И фала му на Бога што е здрав, никогаш не бил подобро. Тој тогаш се разбуди и посака да му биде добро“, изјави своевремено Анабела.

Иако се разведени, Анабела и Андреј живеат заедно, но не планираат повторно да се венчаат.
А. Ј. | Црнобело
