Вториот сопруг на Анабела ја оставил бремената девојка поради пејачката: „Од медиумите дознав дека ме изневерува“
- Детали
- сабота, 18 април 2026
„Ми рече: ‘Се заљубив’. Потоа даваше изјави дека сме биле заедно само една ноќ и дека сум била бремена кога сме се запознале. Не е вистина, нашите најблиски знаат како беше“, рекла Јасмина Скендер, жената која Андреј Атијас ја оставил во петтиот месец од бременоста за да биде со Анабела.

Пејачката Анабела Атијас од 2012 до 2019 година беше во брак со Андреј Атијас. Иако на почетокот изгледаа како складен пар, нивната врска почнала со скандал.
Андреј во времето кога почнал да се гледа со Анабела бил во врска со Јасмина Скендер, а таа, пак, била бремена со нивното дете.

За босанските медиуми, Јасмина, која е самохрана мајка од Зеница, сега ја раскажа својата приказна и детали за врската со Андреј, со кого има син.
„Мојот поранешен партнер беше слика и идеал за совршено момче во тој период.
Имавме друштво заедно, сè изгледаше совршено. Ние бевме тој млад пар што очекуваше дете“, рекла Јасмина.
Јасмина со синот
Иако признала дека брзо влегле во врска, бременоста ѝ донела сигурност, особено поради неговата реакција кога дознал дека ќе станат родители.
„Андреј беше уште посреќен од мене. Имав 24 години и имав други планови за животот, но неговата реакција ми даде самодоверба да го родам детето.
Сепак, денес знам дека некои работи не смеат да одат толку брзо во една врска“, рекла таа.

Пресвртот се случил за време на нејзината бременост, кога таа преку медиумите дознала за неговата врска со друга жена - пејачката Анабела.
Во тоа време Јасмина била во петтиот месец од бременоста.
„Се враќам дома од работа, телевизорот е вклучен, ги соблекувам работите и во позадина слушам: „Новото момче на пејачката...“ и се вртам да видам кој е и имаше што да видам - тоа е моето момче.
Го видов насловот: „Новото момче на Анабела?“ и неговата слика.
Му го испратив ова и тој рече дека ќе негира. Но, неколку дена подоцна, ја слушнав истата приказна на друга телевизија и сфатив дека е вистина“, кажала Јасмина.
Анабела и Андреј Атијас
