Вториот сопруг на Анабела ја оставил бремената девојка поради пејачката: „Од медиумите дознав дека ме изневерува“
Набрзо потоа, Андреј и Јасмина имале искрен разговор, по што ја прекинале врската.
„Ми рече: ‘Се заљубив’. Што да му правам? Само реков: ‘Добро, со среќа’. Единствено ми беше важно детето што го носев“, раскажуваа таа.
Јасмина вели и дека го замолила Андреј да ја заштити од медиумите додека да се породи.

А тој, наместо да не зборува за неа и за бебето, давал изјави кои ѝ го закомплицирале животот и кои донесе скандалозни наслови во медиумите.
„Тој даваше изјави дека сме биле само една ноќ заедно и дека јас веќе сум била бремена кога сме се запознале.
Тоа не е вистина, нашите најблиски знаат како беше навистина“, открива таа.

Стресот со кој се соочувала сериозно влијаел на нејзината бременост.
„Гинекологот ми даде мала шанса да ја издржам бременоста.
Бев ставена на строго мирување, без телефон, телевизија, без какви било информации. А по породувањето, останав сама со бебето.
Му го дадов на синот моето презиме. Него ниту го повикав, ниту го прашав нешто.
Подоцна, нашите родители се обидоа да нè смират за тој да се вклучи во обврските околу детето, но тој однос повторно тргна надолу. Тој едноставно исчезна“, кажала Јасмина.

Ситуацијата меѓу поранешните партнери дополнително ескалирала кога тој ја пријавил во Центар за социјална работа.
„Ме пријави со тврдење дека му бранам да го гледа детето, што никогаш не се случило.
Доаѓав со бебето на закажаното место и чекав, но тој никогаш не се појави“, рекла Јасмина.

Таа кажала и дека во тоа време поминувала низ тежок финансиски период, дека не можела да работи, но имала помош од родителите и пријателите.
Подоцна судот донел одлука за алиментација за детето, но таа никогаш не добила пари од Андреј.
„Немав сила за судски процеси. Имав бебе и мој приоритет беше да изградам живот за нас.
Најмногу од сè, сакав да ја споделам одговорноста со Андреј, и временски и финансиски, но тоа не се случи никогаш“, вели таа.

А. Ј. | Црнобело
