Најзгодниот градоначалник ѝ вели на Наташа Беквалац дека е поискусна пред матичар: „Може да ве научам“ (видео)
- Детали
- петок, 26 декември 2025
Во манир на вистински кавалер, градоначалникот Драшко Станивуковиќ ѝ бакна рака на Беквалац, па се пошегува дека позираат како младенци на свадба. Видеото е хит во регионот!

Градоначалникот на Бања Лука, Србинот Драшко Станивуковиќ, е миленик на жените - млад, згоден и успешен во тоа што го работи.
Притоа, тој не е во брак, што го прави еден од најпосакуваните ергени во регионот.
Драшко неодамна беше во Белград за да се сретне со Наташа Беквалац и да ја претстави пред медиумите како музичката ѕвезда која ќе пее на плоштадот во Бања Лука за дочекот на Нова година.

На средбата, тој дојде со голем букет, па откако ѝ го даде, ѝ ја бакна раката како вистински кавалер.
А кога почна фотографирањето, тој го зеде букетот од десната рака на Наташа и го стави помеѓу нив, за „подобра естетика на фотката“.
Наташа се пошегува дека изгледаат како да се на венчавка, па градоначалникот искоментира:
„Тоа на неа ѝ оди подобро, има повеќе искуство од мене“.

Во тој момент некој од зад камерите вели: „Никогаш не се знае“.
А Наташа додава: „Можам да ве научам“.
Градоначалникот ѝ кажа дека ја прифаќа нејзината понуда, ако е бесплатна и ги насмеа присутните.

Кликнете за да го погледнете видеото:
А. Ј. | Црнобело