„Во животот мора да настрадаш, да го допреш дното - за да сфатиш што е важно“: Емотивна исповед на Јована Пајиќ
- Детали
- четврток, 01 јануари 2026
Од 2021-ва таа е разделена со сопругот, а ова вели дека е најболната работа што ѝ се случила во животот. Сепак, Јована тврди: „Знаеш како велат дека дното има подрум, па кога ќе дојдеш дотаму, е тогаш можеш само некако да одиш нагоре и тогаш повеќе не се ни оптоваруваш што ќе мисли некој...“

Пејачката Јована Пајиќ смета дека мораш да „настрадаш“ во животот за да можеш да го одвоиш битното од небитното и да си ги поставиш приоритетите.
Инаку, нејзиниот отуѓен сопруг Александар Цветковиќ, фронтменот на „Тропико бенд“ познат и како Сале Тропико, ја изненади јавноста со признанието во едно неодамнешно ТВ гостување дека е и понатаму во брак со пејачката Јована Пајиќ, со која се раздели во 2021-ва година.

Првото изненадување за фановите на пејачот беше токму веста за разделбата со сопругата, со која важеа за заљубен пар, а од бракот кој траеше 10 години, добија две деца, а по разделбата, пак, гласините за можна љубов помеѓу Јована и Марија Шерифовиќ не стивнуваат, иако двете тврдат дека се само пријателки.

Јована искрено зборува дека премногу тешко ѝ паднал неуспехот на нејзиниот брак и разделбата, но дека од тоа извлекла важни поуки.

Во ТВ гостување во емисијата „In3gantno“, таа отворено проговори за ова.
Нејзината емотивна исповед:
„Во животот мора баш да настрадаш, за да можеш да сфатиш што е важно, а што е неважно. За да си ги поставиш своите приоритети, да ја трошиш својата енергија на нешто што е навистина важно, на работи кои навистина можеш да ги промениш.
Едноставно да го пуштиш и да се откажеш од она што едноставно не ти служи. Но, тоа и да го живееш вистински.