Се женеше 4 пати, никогаш не стана татко - Детали од животот на омилениот Пантиќ од „Тесна кожа“

Во младоста, на Никола Симиќ му пукнало слепо црево, добил сепса, која тогаш се нарекувала абдоминална туберкулоза, и бил лекуван со зрачење. По ова останал стерилен и не можел да има деца иако ги обожавал.

se-zheneshe-4-pati-nikogash-ne-stana-tatko-detali-od-zhivotot-na-omileniot-pantikj-od-tesna-kozha-01.jpg

Никола Симиќ, легендарниот српски актер најпознат по улогата на Мита Пантиќ во филмот „Тесна кожа“, имал многу интересен живот, но секогаш се трудел да го сокрие од очите на јавноста.

Роден е на 19 мај 1934 година, а почина во 2014-та, на 80 години.

se-zheneshe-4-pati-nikogash-ne-stana-tatko-detali-od-zhivotot-na-omileniot-pantikj-od-tesna-kozha-05.jpg

Иако многу сакал деца, никогаш не се стана татко.

Низ годините во медиумите често се пишуваше дека Симиќ имал ќерка Ана, која му ги подарила внуките Исидора и Сара.

Сепак, тој не се остварил како родител поради здравствен проблем од детството.

„Ана е ќерка на неговата последна сопруга Снежана. Тој бил добар кон неа, но не е нејзин татко.

Во младоста, на Никола му пукнало слепото црево, добил сепса, која тогаш се нарекувала абдоминална туберкулоза, и бил лекуван со зрачење.

По ова останал стерилен и не можел да има деца“, изјавил во една прилика внукот од брат на легендарниот актер.

Популарниот Пантиќ бил во брак четирипати. Четирипати и се разведувал.

Ги обожавал жените и бил исклучително галантен кон нив.

Во последните години од неговиот живот, се шпекулираше дека е во врска со актерка 48 години помлада од него, но тоа никогаш не беше потврдено.

„Мора да се заљубиш. Психолозите велат дека доаѓа момент кога човек сака да го промени својот начин на живот.

Треба да имаш храброст и смелост за да го направиш тоа. Го знам тоа, секако, од прва рака“, рекол Симиќ брзо пред својата смрт.

se-zheneshe-4-pati-nikogash-ne-stana-tatko-detali-od-zhivotot-na-omileniot-pantikj-od-tesna-kozha-07.jpg

И покрај неговата судбина, за многумина тој засекогаш ќе остане актерот кој најмногу успеал да ја насмее публиката - и позајмувајќи му го гласот на Душко Долгоушко во истоимениот цртан филм, и преку улогата на Мита Пантиќ во „Тесна кожа“, но и како Миќо во ситкомот „Љубов, навика, паника“.

„Смеата е најдобриот лек за сите тензии. Низ смеа човек заборава на сите маки“ - изјави тој во една пригода.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...

Најчитани неделава