Исповед на девојка од Сремска Митровица: „На 24 години ми дијагностицираа рак на јајници, беше страшно, но се изборив“
- Детали
- сабота, 27 декември 2025
„Јас редовно одев на контроли, но моите симптоми се појавија нагло и се развиваа брзо. Тоа беше болка во пределот на бешиката, потоа проблеми со апетитот, со варењето, надуеност – буквално ништо што би укажувало на рак на јајници, но за вистински лекар сето тоа беше очигледно“, вели Селена Рибиќ од Сремска Митровица.

Селена Рибиќ од Сремска Митровица, Србија на 24 години дознала дека има рак на јајници, а во гостување во емисијата „150 минути“ детално зборуваше за своето искуство.
Во целата лоша ситуација, таа, за среќа редовно посетувала гинеколог, како што треба да прави секоја млада жена во репродуктивен период,.
Раното откривање на ракот на јајници ѝ ја олеснил борбата со оваа болест.
Нејзината исповед:
„Јас редовно одев на контроли, а последната контрола ми беше во ноември пред коронатa, па потоа започна корона.
Моите симптоми се појавија нагло и се развиваа брзо.
Тоа беше болка во пределот на бешиката, потоа проблеми со апетитот, со варењето, надуеност – буквално ништо што би укажувало на рак на јајници, но за вистински лекар сето тоа беше очигледно.

Последната контрола беше во ноември, а симптомите се појавија кон крајот на февруари, а дијагнозата беше поставена во мај.
Сите беа во шок, и докторите беа шокирани, сите лекари во Сремска Митровица го разгледуваа мојот случај. Навистина, имав тим покрај мене во тој период на корона, кога беше тешко да се дојде до лекар.
Првите месеци по дијагнозата беа страшни.
Прво се чека консилиум (групна проценка на пациентот од страна на повеќе лекари), па чекање да се оди за Белград и мислам дека пациентите најтешко го поднесуваат тоа чекање.

Мене ми беше тешко да прифатам, а потоа како поминуваше времето, сфатив колку го сакам животот и дека сакам да живеам.
Мислев дека моментот кога ќе ми опадне косата ќе биде најтежок, но всушност најтежок ми беше моментот во шок-собата. Таа беше поделена на два дела, каде имаше потешки и полесни операции, и кога се свртив околу себе, сите беа постари жени, а карши мене сите млади жени, и тоа ми падна тешко“.

Сепак, Селена не дозволила тешката борба со ракот на јајници да влијае на нејзиниот ведар дух, а кога завршила со хемотерапијата, гордо позирала гола пред студентите по вајарство, за повторно да го запознае своето тело.
С. С. | Црнобело