Вонбрачната ќерка на Аркан: „Чувствувам тага што не сум дел од семејството на Цеца, не сме зборувале за наследство“
Мајка ѝ уште од мала ја носела кај татко ѝ во затвор, а од 1995 година често го посетувала во Белград и поминувала време со татко ѝ и неговата сопруга Цеца.

Софија за српските медиуми вели:
„Овој празничен период од годината секогаш носи дополнителни спомени. Мојот татко секојдневно живее во моето срце и во срцата на моите деца, а особено сега, за време на празниците, неговото присуство го чувствувам уште посилно.
Можеби физички не е тука, но секогаш е со нас.
Исто така сакам да кажам дека и понатаму искрено чувствувам тага поради тоа што не сум дел од семејството на Цеца, иако моите намери отсекогаш биле добри и такви се и денес. Тоа чувство останува со мене“.

Ќерката на Аркан минатата година беше на поменот на својот татко, кој беше убиен на 15 јануари 2000 година, а вели дека со Цеца не разговарала за наследството, ниту пак пејачката ја поканила во својот дом.

На тема дали разговарале за наследството од татко ѝ, вели:
„Верувам дека на ваквите разговори не им е местото на гробишта, од почит кон мојот татко.
Мислам дека таа никогаш нема да подели дел од наследството со децата на мојот татко. Исто така, никогаш не ми понудила да останам кај неа, ниту ме поканила во својот дом“.

С. С. | Црнобело