Вонбрачната ќерка на Аркан: „Чувствувам тага што не сум дел од семејството на Цеца, не сме зборувале за наследство“
- Детали
- недела, 11 јануари 2026
Аркан, кој беше убиен пред 26 години, има девет деца со пет жени. Софија Ван Потелсберхе е ќерка на Аркан и социјалната работничка која се грижела за него додека бил во белгиски затвор. Таа открива во какви односи е со Цеца...

Аркан имал девет деца, од кои шест од неговите два брака. Четири од првиот со сопругата Наталија Мартиновиќ, две од бракот со Цеца, а три му се деца од вонбрачни врски, а едно од нив е токму Софија.

Софија Ван Потелсберхе живее во Белгија, а Аркан ја добил со социјалната работничка, која се грижела за него додека престојувал во белгиски затвор.

Ќерката на Жељко Ражнатовиќ Аркан во разговор за српските медиуми откри дека за време на празниците присуството на татко ѝ го чувствува уште посилно, како и дека ѝ е жал што Цеца Ражнатовиќ не ја прифатила како дел од семејството.
Аркан, кој беше убиен пред 26 години, има девет деца со пет жени. Софија за него ја напишала книгата „Арканова ќерка“.


Таа со татко ѝ успеала да направи само една фотографија и таа ѝ е највредниот спомен што го има од него.
