Наташа Беквалац за односот на ќерките со нејзините бивши сопрузи: „Три пати се разведов, но моите деца не слушнале викање“
- Детали
- понеделник, 19 јануари 2026
„Три пати се разведов, а ниту едно од моите деца никогаш не слушнало висок тон, никогаш никој не ги карал, малтретирал, а не дај Боже да имало какво било насилство“, вели Наташа Беквалац и открива во каков однос е ќерката од првиот брак со вториот нејзин сопруг.

Наташа Беквалац веќе 7 години е сингл, барем така претставува пред јавноста и вели дека по три неуспешни брака, одлучила да стави крај на одењето пред матичар.

На прашањето дали би избрала четврти брак или врска за една вечер, Наташа како од пушка вели: „Врска за една вечер“.
Таа за српските медиуми проговори и какви мажи ја привлекуваат.
Наташа призна и дека секогаш ѝ го привлекуваат вниманието помлади мажи, како и дека преферира „крупни“ момци.
„Помлади. Секогаш кога ќе се загледам во некого или кога некој ќе ме заинтересира, тој е помлад од мене“, вели таа.

Од бракот со Данило Икодиновиќ, Наташа ја има ќерката Хана.
Вториот брак ѝ беше со Љубомир Јовановиќ, а третиот со Лука Лазукиќ, со кого ја доби помалата ќерка Катја.
Наташа Беквалац откри дека нејзините деца никогаш не присуствувале на кавги меѓу неа и нејзините партнери.
За време на едно гостување, таа откри:
„Три пати се разведов, а ниту едно од моите деца никогаш не слушнало висок тон, никогаш никој не ги карал, малтретирал, а не дај Боже да имало какво било насилство.
Хана дури сега ми раскажува некои работи што ги доживувала во училиштето, што ги читала... Таа толку многу ме штитеше што јас не ја чувствував нејзината тежина“.

