Наташа Беквалац за односот на ќерките со нејзините бивши сопрузи: „Три пати се разведов, но моите деца не слушнале викање“
Пејачката откри и дали Хана некогаш ѝ кажала како се чувствувала додека живеела во исто домаќинство со Љуба и Лука.
„Љуба го обожаваше и тие и ден-денес имаат свој однос во кој јас немам никаква улога, навистина.
Тој беше некаква машка фигура за неа, и сега е така... Навистина имам чудни животни приказни, а со него немам дете“.

Наташа раскажа дека сакала дете со Љуба, но тоа не се случило.
„Сакав дете со него, но не се случи. Животот едноставно ни даде некоја друга патека и тоа е тоа“.

Инаку, Наташа неодамна призна дека е среќна, иако во моментов нема партнер покрај себе.
„Единствената борба што моментално ја водам е онаа со самата себе. Ако случајно погледнам на страна, готово е.
Немам сила за никакви драми. Не можам ни да мрднам настрана, како да сум во синџири.
Доволна сум сама на себе. Дури некои се прашуваат дали имам некого во емотивна смисла, а одговорот е не. Ниту врска, ниту комбинација“.


С. С. | Црнобело
