Маид Хеќимовиќ направи забава за откривање на полот на 4-тото дете - Се прослави во „Х-фактор“ со Даниел Кајмакоски
- Детали
- среда, 21 јануари 2026
Даниел Кајмакоски напиша: „Маиде, честитки од срце… Мора да е некоја кралица што ви доаѓа, кога Бог прво прати три чувари… Ви праќаме многу љубов…“, мислејќи на тоа што Маид, по 3 сина, ќе добие ќерка.

Пејачот Маид Хеќимовиќ стана популарен во 2013 година, кога се појави во музичкото натпреварување Х-фактор. Тој се пласираше на третото место, а победи нашиот Даниел Кајмакоски.
По натпреварот, шармантниот музичар од Босна почна да гради кариера во регионот, но одеднаш исчезна од сцената и долго време за него не се знаеше скоро ништо.

Денес, 13 години подоцна, тој изгледа скоро исто, но веќе е оженет и го очекува своето 4-то дете.
Маид со сопругата Ајла на социјалните мрежи открија дека по три сина ќе добијат и девојче.

Хеќимовиќ сподели видео во кое заедно со сопругата и синовите дознаваат дека ќе добијат ќерка, а тоа го прославија со прегратки.

„Ни пристигнува едно девојче. Пресреќни сме, возбудени сме и едвај те чекаме, љубов наша“, напиша пејачот.

Тој и се пошегува: „Сите препораки за некое добро семејно комбе се добредојдени“.
Маид е во брак со Ајла од 2018 година, а заедно имаат три сина – Рејан (6) и близнаците Лени и Енди (3).

Во една пригода за тоа како е да се добие дете, Маид изјави: „Чувството е прекрасно, тоа е нешто возбудливо и збунувачко. Среќа, шок и трепкање, сè во едно“.
