Лепа Брена за повредите и интимниот живот: „Скршив нога спасувајќи го син ми, со Боба 6 дена не излеговме од хотел“
- Детали
- среда, 21 јануари 2026
„Левата нога ја скршив кога скокнав за да го фатам Стефан. Тој беше во дубак, а јас скокнав од кат и ги прескокнав скалите за да не падне во приземјето…“, споделува Брена како ја скршила потколницата и имала тешка операција, но говори и за низата други повреди.

Лепа Брена (65) во текот на својата кариера и живот се соочила со бројни здравствени предизвици, меѓу кои особено се издвојуваат тешки повреди и повеќекратни скршеници на коските.
Музичката дива сега во интервју за еден српски медиум отворено проговори за драматичните ситуации низ кои поминувала и откри како, и покрај сè, успевала да се врати на сцената посилна од кога било.

Брена признава дека низ годините ги кршела речиси сите екстремитети, и тоа повеќепати, истакнувајќи колку нејзиното тело било изложено на големи напори.

Една од најтешките повреди ѝ се случила кога се обидела да спречи несреќа и да го заштити својот син Стефан.

„Левата нога ја скршив кога скокнав за да го фатам Стефан. Тој беше во дубак, а јас скокнав од кат и ги прескокнав скалите за да не падне во приземјето.
Тогаш ја скршив потколеницата (тибијата) - коленото заврши во потколеницата која се распука и следуваше исклучително тешка операција“.

Тешка повреда доживеала и минатата година за време на концерт во Загреб, кога снимател паднал врз нејзината нога.
„Десната нога ја скршив на концерт, но и покрај тоа продолжив да пеам уште час и половина“, откри таа, потврдувајќи го професионализмот по кој е позната.

Ниту повредите на рацете не ја одминале. Како што вели, двете раце ги скршила за време на летување, обидувајќи се да избегне уште посериозна несреќа.
„Ненадејно се свртев и тргнав напред, а пред мене имаше постамент со остар врв за чадор.
За да не паднам врз него, инстинктивно се фрлив и паднав на десната рака, при што го скршив левиот лакт“.

Брена истакнува дека јогата ѝ помогнала да закрепне и повторно да ја пронајде својата сила:
„Јогата буквално ми помогна да ја пронајдам силата во себе. Ми значеше за психофизичката кондиција, концертите и животот повеќе отколку кој било друг спорт.
Истегнувањето ми го издолжи телото и ми даде сила за која не верував дека може да се постигне преку јога“.