Лепа Брена за повредите и интимниот живот: „Скршив нога спасувајќи го син ми, со Боба 6 дена не излеговме од хотел“

Лепа Брена е позната по тоа што не сака многу јавно да зборува за својот приватен живот.
Сепак, таа овојпат зборуваше и за својот брак со Боба Живојиновиќ.

„Боба и јас кога се запознавме, со денови не излегувавме од соба. Јас имам многу години сега, ние веќе сме баба и дедо.
Што, мислите дека немавме моменти кога шест дена не излегувавме од соба и водевме љубов? Па, фала му на Бога дека беше така.
Тоа се случи тогаш кога требаше“.

Таа потоа продолжи да се шегува на темата:
„Дали знаете зошто беше реновиран хотелот, четвртиот кат? Ѕидовите беа испукани.
Само на вода бевме, ќе дојдеше храна, кого го интересира храна… Нема храна, само вода“.

Инаку, Брена и Боба се венчаа на 7-ми декември 1991 година во белградскиот хотел Интерконтинентал.
Свадбата во тоа време важеше за една од најскапите.


Прочитајте и Исповедта на Лепа Брена за најголемиот здравствен кошмар: „Имав зголемен тумор маркер, а BRCA тестот ми испадна позитивен“
С. С. | Црнобело