Исповедта на Лепа Брена за најголемиот здравствен кошмар: „Имав зголемен тумор маркер, а BRCA тестот ми испадна позитивен“
- Детали
- среда, 04 јуни 2025
„Стравував дека ќе умрам... Бев многу исплашена, не знаев каде се наоѓам. Имав таков страв што мислев дека нема да ги изведам децата на прав пат, дека може да се случи сешто“, вели Лепа Брена и се сеќава на најстресниот период од нејзиниот живот.
Лепа Брена (64) за српските медиуми отворено проговори за најголемиот здравствен кошмар кој го имала во животот, а кој се случил во 2010 година.
Таа стравувала дека има рак. Имала покачен тумор маркер, а и нејзиниот BRCA тест се покажал како позитивен.
BRCA тест е генетски тест кој открива мутации (промени) во гените BRCA1 и BRCA2.
Овие два гена помагаат да се поправи оштетувањето на ДНК и ја штитат клетката од развој на рак. Но, ако има мутација во еден од овие гени, се зголемува ризикот од развој на одредени видови рак, особено: рак на дојка, рак на јајници и поретко и рак на простата, панкреас, меланом.
Од друга страна, тумор маркерите се специфични супстанции (протеини, антигени) кои се наоѓаат во крвта, урината или ткивата и можат да бидат индикатор за постоење на рак или други заболувања.
Во пракса, еден тумор-маркер може да биде зголемен и тоа не е невообичаено. Тоа е само сигнал дека нешто треба да се испита понатаму - не е дијагноза само по себе.
Исповедта на Лепа Брена:
„За ова ретко зборувам, но во 2010 година имав сериозна операција на циста на јајник.
Мојот доктор Саша Љубиќ ми рече да го направам тој озлогласен BRCA тест, при што се покажа дека имам мутиран ген и дека имам големи шанси и можности да добијам рак на дојка.
Еден тумор-маркер ми беше многу зголемен и итно заминав на операција на циста на јајник.
Се разбира, молчев за сето тоа, но морам да ви кажам дека тоа беше голем шок за мене.
Жените треба да знаат, а јас тоа тогаш го научив, дека кога е позитивен BRCA тестот, не смеете повеќе да користите никакви хормонски препарати.
Почнав да живеам според сите правила што ми ги наложија лекарите.
Сето ова го зборувам токму за да ја подигнам свеста кај жените дека треба да го направат тестот, затоа што веднаш знаете дали постои можност да добиете карцином или не.
На тој начин можете да си го зачувате животот и здравјето, бидејќи многу жени добиваат рак на грлото на матката, јајниците или дојката, а воопшто не знаат од каде тоа потекнува.
Молчев сите овие години. Во исто време и Анџелина Џоли направи мастектомија на градите затоа што беше позитивна на истиот тест.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





