Милена Радуловиќ пред смртта на професорот кој ја злоставувал, Мика Алексиќ: „Имав страв дека татко ми ќе го убие“

Милена зборуваше и за одлуката да го пријави Алексиќ, како и за тоа дека долго верувала дека е единствената жртва и дека нема никој друг.
„Долго мислев дека сум само јас, па кога дознав дека не сум, имав различни идеи.
Многу ми помогна терапијата. Имав идеја дека мојот живот може да продолжи понатаму, но тоа не може да се заборави, секогаш ќе биде дел од мојот живот.
Дури и моето заминување во Русија беше обид да ја сменам средината, исто како и со Шпанија.
Пресвртната точка беше кога собрав сила да им кажам на родителите. Чувствував дополнителна вина затоа што од шок, срам и уцена мислев дека светот ќе се сруши.
Немаше варијанта порано да им кажам затоа што активно бев злоставувана, мислев дека немам право да им го уништам животот, дека никој не може да ми помогне, а можеби можел.
Имав страв дека татко ми ќе го убие, а мајка ми ќе се разболи“.

Смртта на Мирослав Мика Алексиќ отвори низа правни прашања.
Сепак, судскиот процес што се водеше против него поради тешки обвиненија за сексуално злоставување беше прекинат без пресуда, бидејќи законот пропишува дека кривичната постапка се запира со смртта на обвинетиот.

Прочитајте и „Ме притисна на клавирот и ми го крена здолништето“ – Милена Радуловиќ одговараше на прашањата на учителот што ја силувал
С. С. | Црнобело