По скандалот, Душко се огласи, а Јелена Карлеуша си ужива во Дубаи со ќерките и си пее „Јас сум Барби“
Наводно тој дури деновиве ги исплатил и заостанатите алиментации за ќерките што ѝ ги должел на Карлеуша.

Уплатата следувала дури откако Јелена јавно изјави дека Душко должи пари за алиментација.

Таа за алиментацијата изјави:
„Да ја кажам ли вистината? Не плаќа алиментација, еве сега апел. Се обидувам да го решам тој проблем надвор од медиумите и со човечки однос преку адвокат, но не успевам.
Во име на сите жени кои се борат за право да добијат помош од партнерот и таткото на нивните деца, должна сум да зборувам за тоа. Србија воведе нов закон, според кој ова ќе се регулира.
Ако еден родител не исплати две алиментации на другиот родител, кој има старателство над децата, другиот тоа ќе го наплати од државата, а државата ќе го гони оној кој не ги исполнува законските обврски.
Значи и Душко ќе биде решен!“.


С. С. | Црнобело
