Марија Микиќ првпат проговори за разводот, низ солзи: „Не се случи преку ноќ, тежок период е“ (видео)

„Жена за да се разведе мора да склопи некои коцки во глава, сè е тоа тешко секако, но станува полесно. Така беше најдобро и за децата, едноставно на мама и тато веќе не им одеше. Мали се за да сфатат сега, а инаку живеат со мене, во чувањето ми помага мајка ми и дадилката“ - рече Марија Микиќ со солзи во очите, за првпат на темата во подолго интервју. 

marija-mikikj-prvpat-progovori-za-razvodot-niz-solzi-ne-se-sluchi-preku-nokj-tezhok-period-e-01.jpg

Пред крајот на 2025, српската пејачка Марија Микиќ гостуваше во емисија на Adria TV Montenegro, каде зборуваше за професионалните ангажмани, но и за приватниот живот. 

Таа си ја отвори душата, призна дека имала проблеми со изгледот уште од младоста, а дека иако сега изгледа добро, секогаш може подобро. 

Пејачката зборуваше за нејзиниот најголем животен предизвик, проблемот со гласните жици и операцијата, периодот кога не можела да проговори и била во многу лоша психичка состојба додека да го реши проблемот. 

Освен тоа, во тој период таа мина и низ семејни бури, односно се разведе од сопругот Јован Пантиќ, со кого има две деца, кои ги доби речиси едно по друго. 

Прочитајте и Марија Микиќ со солзи по операциите среде развод: „5 месеци агонија, депресија, животот удираше силно, но сега сум пак јас“

Марија речиси воопшто не зборува за разводот, на почетокот накратко даде изјава, а сега првпат во подолго интервју одговори на неколку прашања на оваа тема. 

Со грутка во грло и солзи во очите, Микиќ рече: 

„Никој не се венчал за да се разведе. Тежок период е тежок период, но во одреден период луѓето тргнуваат по различен пат.

Мислам дека ова е најдобро за двајцата и за нашите деца првенствено. Воопшто не сме битни ние, така што сè е во најдобар ред.

Разводот не се случува преку ноќ. Различно се разведуваат мажи и жени, јас така мислам и сум убедена во тоа.

Жена за да се разведе мора да склопи некои коцки во глава, сè е тоа тешко секако, но станува полесно.

Не сакам многу да зборувам на таа тема, затоа што имам две деца, ние сме родители, најважно ми е да сме океј и тие да се супер, едноставно на мама и тато не им одеше веќе заедно.

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Јелена Ѓоковиќ: „Се чувствував невидлива, бев анксиозна - зошто е тешко да се биде сопруга на Новак ... „Бев анксиозна, тоа ме уништи. Ја уништи мојата слика за самата себе. Некогаш ме...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg