Какви изјави даваше Данијела Димитровска по разводот со Огњен Амиџиќ, пред да пронајде љубов повторно?
- Детали
- четврток, 29 јануари 2026
„Најважно е да не го изгубите своето достоинство и тоа е нешто од кое не се откажувам“, зборуваше Данијела Димитровска, по разводот со Огњен Амиџиќ и неговото наводно неверство со сегашната сопруга Мина.

Манекенката Данијела Димитровска неодамна го изговори судбоносното „да“ со партнерот Јеврем Косниќ на интимна церемонија во една белградска црква.

Данијела Димитровска тајно се венча за помладиот дечко: „Моето засекогаш ДА – тивко, во мал круг“
Инаку, Даниела веќе има еден брак зад себе и тоа со водителот Огњен Амиџиќ, со кого има 12-годишен син. Бракот им траеше 10 години.

Тие во 2022 година ја информираа јавноста дека се разведуваат, што изненади многумина.
Иако нивниот развод помина без јавни конфликти и двајцата брзо ја најдоа среќата со нови партнери и не сакаа многу да зборуваат за причините за крајот на бракот.



Огњен многу брзо започна врска со колешката Мина Наумовиќ, која ја видовме во улога на водителка во Амиџи шоу, а кружеа гласини дека тие ја започнале врската многу порано.
Сепак, Огњен негираше, а сега со Мина има две деца, синот Перун и ќерката Лола, која ја добија во 2026-та.
Во една ретка пригода Данијела одлучи да проговори околу тоа што довело до распадот на нивната љубов.

Данијела изјави:
„Кога влегувате во брак, влегувате во нешто што трае цел живот, едноставно, јас сум патријархално воспитана и верувам во брак.
Според тие морални принципи функционирам, живеам и влегувам во однос, меѓу другото.
Сепак, ако луѓето созреваат и растат и ако во тој процес се разделат, не можете ништо да форсирате.

Во еден момент сфатив дека секој од нас (се мисли на неа и Огњен) созрел и пораснал на свој начин и тоа едноставно повеќе не може да биде во согласност и тогаш одлучив да се откажам и мислам дека тоа е најздраво.
Инаку, цел живот го набљудував односот на моите родители и токму од тој пример знаев што е здраво, што е функционално, а што е токсично.
