Сопругот избега со нивниот син, Саша Поповиќ ја извлече од беда - Турбулентниот живот на Индира Радиќ

По ова следела долга и исцрпувачка правна битка, но Северин на крајот е вратен кај неговата мајка.

Тој настан оставил длабок белег, но и дополнително го зајакнал нејзиниот карактер.

Низ годините таа ретко зборува за нејзиниот приватен живот.

indira-radic-18.jpg

Единствената врска што ја потврди јавно е со Горан Куртум, кој во тоа време бил во брак.

Иако планирале заедничка иднина, врската заврши во 2015 година, најмногу поради нејзината целосна посветеност на работата.

По раскинувањето, тие останаа во добри односи, а Горан има добри односи и со нејзиниот син.

indira-radic-09.jpg

Познато е и дека имала долгогодишна врска со продуцентот Горан Ратковиќ Рале.

Нивната врска била турбулентна, а Индира му била голема поддршка и му помогнала да се извлече од сериозни долгови, дури и по цена на лични и професионални ризици.

По раскинувањето продолжиле да соработуваат речиси една деценија, но подоцна се разделиле „поради досада и недостаток на нова инспирација“.

indira-radic-15.jpg

Што се однесува до кариерата, на самиот почеток таа соработуваше со „Јужни ветар“ во тоа време најпознатиот бенд во Југославија, а во 1995 година го издаде својот прв албум. До 2015 година, зад себе имаше 16 албуми.

И покрај огромната популарност, Индира во еден момент остана без пари и почнала да живее во беда.

Затоа, му побарала помош на Саша Поповиќ, кој подоцна го опишал нивниот прв деловен состанок како многу искрен и без разубавување на вистината.

indira-radic-03.jpg

Според Поповиќ, на состанокот таа дошла скромно облечена и отворено му кажала дека нема пари, но дека има волја за работа.

Оваа нејзина решителност му се допаднала на првиот човек на „Гранд продукција“, па ѝ дал шанса, а таа ја продолжила својата кариера и почнала да создава бројни хитови.

„Првпат ја запознав Индира на турнеја во Швајцарија, а почнав да соработувам со неа во 1996 година.

Дојде во продукцијата „Зам“ онака во патики и фармерки, и рече: ‘Можете ли да направите нешто за мене, немам пари, ако нешто може да се направи, направете го, ако не, добра ноќ и збогум’.

Ѝ реков дека ќе ѝ направам албум и ќе ја контактирам на 1 септември“, раскажал Поповиќ во една емисија во 2014 година.

indira-radic-10.jpg

По ова Индира стекна репутација на жена која поминала низ многу тешки моменти, но никогаш не се откажала.

Денес Индира живее во Космај. Го напушти Белград и сега прави природен лек за настинки со тревки од планините.

indira-radic-14.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
„Натерав оженет маж да се разведе за мене, а потоа го оставив“: Скандалозниот љубовен живот на Сузан... Првиот маж ја омаловажувал, велејќи ѝ дека не е ни млада ни убава, па за да го з...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg