Скандалозниот Десингерица проговори за приватниот однос со Цеца, плус во каков однос е со Карлеуша?
- Детали
- четврток, 05 февруари 2026
Драгомир Деспиќ Десингерица гостуваше кај Огњен Амиџиќ во „Амиџи шоу“, на кого за мекиците на ќерка му му однесе косилка за трева, и таму откри дека приватно се дружи со Цеца, а и дека ѝ одел на концертите.

Раперот Драгомир Деспиќ Десингерица гостуваше кај Огњен Амиџиќ во „Амиџи шоу“.
Тој зборуваше за професионалните ангажмани, но и за ставовите околу свадби, дружби и трачевите во медиумите.

Но, проговори и за приватниот однос со колешките, Светлана Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша.
Тој откри дека приватно се дружи со Цеца, додека со Карлеуша има исклучиво деловен контакт.


Контроверзниот Десингерица, откри дека повеќе би отишол на концерт на Цеца, бидејќи со неа, како што вели, се дружи и приватно.

Десингерица за дружбата со неа вели:
„Бев на концертите на Цеца, се слушаме и се дружиме. Имам и приватен контакт со неа, а со Карлеуша имам деловен контакт.
Ја почитувам, но со неа сум во деловен контакт преку „Ѕвездите на Пинк“. Со Цеца имам баш приватен контакт. Цеца е навистина супер, приватно се слушаме, а со Јелена се сакаме, но таа вели дека сме контрабанда“.

Тој проговори и како Зорица Брунцлик, со која е во конфликт во „Ѕвездите на Пинк“, се однесува кон него за време на паузите од снимањето.
„Немаме никаков контакт. Дури и кога случајно ќе се најдеме во лифт, како да сме некакви духови - немаме никаков контакт, ни со зборови“.

Инаку, Десингерица, во свој бизарен стил, на мекиците по повод раѓањето на ќерката на Огњен му донесе подарок - косилка за трева.
Прочитајте и Му ја кинат кошулата, беше цела естрада: Огњен Амиџиќ направи мекици за ќерката Лола и објави прва фотка со неа
Десингерица со сопругата:
Целата епизода од Амиџи шоу:
С. С. | Црнобело