Детали за мажот кој живее со најубавиот српски политичар, среде геј аферата - Бил во брак со Русинка, ја изневерил
- Детали
- среда, 04 февруари 2026
Чедомир Јовановиќ имаше сопруга, а од бракот со неа има 4 деца, Но, тој се разведе и се всели во ист дом со Александар Кос. Сега и за неговиот наводен партнер осамна информацијата дека има пропаднат брак зад себе - со жена од Русија.

Чедомир Јовановиќ (54), кој долги години важи за најубавиот српски политичар, по 25 години љубов се разведе од сопругата Јелена, со која има 4 деца, и почна да живее со својот пријател Александар Кос, за кого српските медиуми тврдат дека всушност му е љубовен партнер.
За пријателот на Чедомир, во јавноста се откриваат сè повеќе детали од приватниот живот, па така и фактот дека некогаш бил во брак со жена од Русија.

Прочитајте и Внук ѝ е на Мира Шкориќ, експерт е за ПР - Кој е мажот со кого го поврзуваат политичарот Чедо Јовановиќ?

Александар речиси една година бил во емотивна врска со атрактивна бринета од Москва, а потоа таа врска завршила со брак.
Тие се запознале во Германија за време на повеќемесечен образовен курс на кој таа била со група ученици од Русија.
Како наставничка по германски јазик во Москва, таа била дел од меѓународен камп за усовршување на младите, а токму тој престој ѝ овозможил да го запознае Кос.

Извор близок до него за српските медиуми вели:
„Тоа било љубов на прв поглед. Се запознале сосема случајно, но веднаш имало хемија.
Размениле контакти и од тој момент практично не се разделувале. Кос ѝ бил голема поддршка за време на престојот во Германија, и ѝ помагал околу секојдневните обврски со децата, логистиката и организацијата.
Нивниот однос брзо се продлабочувал, а по извесно време, таа донела тешка одлука - ја напуштила работата во Русија и се преселила во Германија за да започнат заеднички живот со Кос.
Веднаш потоа следувала свршувачка и брак“.

