Плаќаат и по 5.000 евра квадрат: Во кој луксузен кварт во Белград живеат естрадните ѕвезди?
- Детали
- сабота, 07 февруари 2026
Рада Maнојловиќ го купила станот од 70 квадрати за 250.000 евра, додека фронтменот на Лексингтон бенд за пентхаусот платил речиси половина милион. Таму живее и Теа Таировиќ со сопругот.

Сега, вртоглаво високите цени на становите во Белград се секојдневие, во различни општини, но некогаш вакви цени имаше само во оние најатрактивните, а една од нив е општината Вождовац.
Вождовац е една од 17-те општини во главниот град на Србија и се нарекува „јужната капија на Белград“, поради својата локација јужно од центарот.
Има околу 200.000 жители, зафаќа голема површина и над неа се издига планината Авала, која е и позната туристичка дестинација.
Слободно може да се каже дека ова е нов кварт на српската естрада. Тука живеат пејачи, но и актери, инфлуенсери итн.

Многу од нив живеат во комплекс кој е со обезбедување, опкружен со ограда и врати, и потребна е најава и дозвола од станарите за некој да влезе.
Безбедноста и камерите работат 24 часа, па можеби токму тоа е причината познатите личности да одлучат тука да се повлечат од папараците и очите на јавноста.
Зградите во комплексот имаат до 18 ката. Ѕвездите тука имаат мир, а не се далеку од центарот.

Тука живеат Теа Таировиќ со сопругот, Рада Манојловиќ, фронтменот на Лексингтон бенд Бојан Васковиќ итн.
Според српските медиуми, Рада го купила станот од 70 квадрати за 250.000 евра, додека Бојан Васковиќ за пентхаусот платил речиси половина милион.

Соседите на ѕвездите, за српските медиуми велат:
„Сите ѕвезди што живеат тука ги среќаваме, но најмалку Теа и нејзиниот сопруг. Дури и кога ќе ги видиме да поминат, ретко имаме можност да ги сретнеме, а да не се во автомобил.
Фронтменот на Лексингтон бенд го обожаваме, а и неговата жена е прекрасна. Тој има голем стан, пентхаус, и навистина се пријатни луѓе.

