Српска пејачка со исповед: „Се допишувам со бившата жена на бившиот сопруг“
- Детали
- четврток, 12 февруари 2026
„Да, контактирам со неа. Нас нè поврзуваат децата. Таа има син, јас имам ќерки, тие се сестри и брат. Комуницираме најмногу поради нив“, вели Ана Кокиќ, чиј некогашен сопруг беше ватерполистот Никола Раѓен.

Српската пејачка Ана Кокиќ за време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“ призна дека е во контакт со Милица Ристиќ, поранешната сопруга на нејзиниот поранешен сопруг Никола Раѓен.
Aна Кокиќ
Таа вели дека тоа е сосема нормално и дека имаат за што да разговараат.
Инаку, Никола беше во брак со Милица, по бракот со Ана.
Милица Ристиќ
Но, по само две години брак со Милица, тој се разведе. Во бракот го добија синот Алексеј.

Од бракот со Ана Кокиќ има две ќерки.
Втората сопруга Милица индиректно спомена негови неверства, а крајот на нивниот брак кон крајот на 2024-та предизвика вистинска бура во јавноста.

Инаку, Никола Раѓен e поранешен српски ватерполист кој важи за вистински срцекршач. Тој покрај во Србија, ватерполо играше и за клубови во Москва и Атина.

Ана во „Амиџи шоу“ доби прашање дали е точно дека контактира со Милица, на што одговори потврдно и објасни во каков однос се.
„Да, точно е. Нас нè поврзуваат децата. Таа има син, јас имам ќерки, тие се сестри и брат.
Комуницираме најмногу поради нив, а и колешки сме, и таа е пејачка“.
Ана Кокиќ не стапи повторно во брак по разводот од поранешниот ватерполист, а во емисијата на Огњен Амиџиќ откри дали би се омажила повторно.
„Тешко... Не поради нешто друго, туку затоа што се навикнав да бидам сама.
Мојот моментален став е дека не, убаво ми е вака, но ако се појави личност покрај која ќе се чувствувам поубаво отколку сега, зошто да не“.

Инаку, во една пригода и пејачката Милица Ристиќ проговори за нивниот однос.
И покрај компликациите што често ги придружуваат семејните односи по разводот, Милица откри дека одржува убав контакт со Ана Кокиќ, поранешната сопруга на Никола Раѓен.

Милица вели:
„Порано одевме и на средби, а сега си разменуваме пораки за поддршка.
Таа е прекрасна жена, таа е мајка на децата на мојот поранешен сопруг. Имам добро мислење за неа.
Што се однесува до децата, никогаш не бев нивна маќеа, туку нивна пријателка. Се потрудив најдобро што можев, навистина“.

