Нов скандал со Милица Тодоровиќ: „Како нејзиниот бивши свршеник и сегашниот оженет дечко ме измамија за 75.000 евра?“

Но, извор близок до пејачката за нивната врска проговори дека добро функционира.
Сепак, нејзиниот избраник повторно е среде скандал.

Сега, сопственичката на коњички клуб, Нина Шобота, за српските медиуми тврди дека Н. М., оженетиот партнер на Милица Тодоровиќ и татко на нејзиното дете, како и поранешниот партнер на пејачката од Хрватска, ја измамиле за луксузен автомобил вреден 75.000 евра.
Според наводите на Шобота, автомобилот не ѝ бил вратен, ниту ѝ било обезбедено возилото што преку нив го нарачала. Поради тоа, против двајцата поднела кривични пријави во полиција.
Прочитајте и Поранешниот свршеник ја запознал Милица Тодоровиќ со оженетиот маж - Нови детали за аферата на пејачката
Нејзината изјава:
„Никогаш не би помислила дека ќе се најдам во ваква ситуација. Го запознав сегашниот партнер на Милица преку нејзиниот поранешен дечко, односно свршеник, Марио од Хрватска, кој беше уапсен поради измами.
Тие двајца се деловни партнери и, како што се покажа, многу се вешти во измамување луѓе кога станува збор за автомобили“.

Таа тврди дека им го предала својот автомобил, со договор да ѝ обезбедат ново, луксузно возило од марката „Порше Панамера“, со нејзина доплата.
„Мојот „Мерцедес“ што им го дадов никогаш не ми беше вратен. Напротив, бил отуѓен и без купопродажен договор префрлен на трето лице.
Сè е пријавено во полиција и ја доставив целата потребна документација. Случајот сега го водат надлежните органи, бидејќи обвинителството го презеде предметот.

Не навлегувам во нивниот емотивен однос, тоа не ме интересира, но сметам дека јавноста треба да знае со што се занимаваат одредени лица.
Подоцна дознав дека истото го правел и на други луѓе, како и дека полицијата одзела некои од тие возила. Сето тоа лесно може да се провери. Најчесто мета се жени“.

С. С. | Црнобело