Нов скандал со Милица Тодоровиќ: „Како нејзиниот бивши свршеник и сегашниот оженет дечко ме измамија за 75.000 евра?“
- Детали
- среда, 11 февруари 2026
Сопственичка на коњички клубтврди дека оженетиот партнер на Милица Тодоровиќ и татко на нејзиното дете, како и поранешниот партнер на пејачката од Хрватска, ја измамиле за луксузен автомобил вреден 75.000 евра. Taa споделува детали, откако Милица ја објави првата фотка од бебето...

Пејачката Милица Тодоровиќ се породи на 3-ти февруари и на свет го донесе синот Богдан, со кого во саботата (7-ми февруари), излезе од приватното породилиште.
Папараците не успеаја да ги фотографираат, бидејќи породилиштето го напуштила навечер и во строга тајност, а според српските медиуми, по неа дошла мајка ѝ Јасмина.

Пејачката првпат откако се породи, беше уловена од папарацо фотографите како го напушта својот дом во Нов Белград за да го прошета своето куче Лола, во зимска јакна, широки фармерки и патики.
Околу таткото на нејзиното дете се крена голема прашина, која не стивнува, а за неговото име постојано се врзуваат нови скандали.
Прочитајте и По Милица Тодоровиќ, и сопругата на таткото на нејзиното бебе одново се огласи: „Ја интересираше дали сме интимни“
Милица Тодоровиќ се пожали дека се чувствува многу лошо со целата ситуација, а таа се има соочено со синдромот „burnout“ и во минатото, поради што извесен период не сакала да се појавува во јавност и сè ѝ пречело.

Поради таа состојба тогаш одлучила да побара професионална помош.
За тој период таа во една пригода изјави:
„Фала му на Бога, тоа сега е зад мене и не сакам ни да се сеќавам на тие денови затоа што бев навистина лошо...
Сè ме заморуваше, и луѓе, и музика... Но, одлучив да побарам помош.
Сметам дека е важно да се зборува за менталното здравје, затоа јавно го споделив мојот проблем, бидејќи тоа и понатаму е табу-тема.
Тоа може да му се случи на секого од нас и навистина би ги советувала сите, ако не се чувствуваат добро, да се обратат кај психотерапевт, психијатар, кај кого било, само за да не дојде до убиство, самоубиство или да се оддадат на пороци“.

Пејачката проговори и за оние кои поради ваква состојба посегнуваат по консумирање на недозволени супстанции.
„За жал, имаме многу такви примери на естрадата... Многу мои колеги и колешки се борат со тоа и не се знае кој повеќе консумира нелегални супстанци.
Жал ми е поради тоа, не ги обвинувам, само сакам да им дадам поддршка и да им кажам: „Еве, луѓе, јас успеав, можете и вие!“

Таа во едно ТВ гостување проговори и за љубовниот живот.
„Не ме нервира прашањето за љубовта, навикната сум. Среќна сум и најважно ми е што ја пронајдов среќата во себе и работам на тоа со години, бидејќи ме снајдоа разни работи во изминатите години и затоа ме немаше, а не затоа што се правам голема ѕвезда.
Човек се заситува и затоа малку се повлеков.
И знаете што, кога жена ќе му каже на фризерот „сечи“, тоа значи дека носи големи одлуки во животот. Мислам дека сега навистина започнува нова ера на Милица Тодоровиќ и верувам во тоа дека сега е вистинското време да заблескам“.

Инаку, откако Милица Тодоровиќ доби син со маж кој е оженет, се огласи и неговата сопруга, која откри дека се сомневала во нивната романса.