Пеат заедно, се прегрнуваат – Владо Георгиев ја донесе за рака Наташа Беквалац на сцена, фановите „полудеа“ (видео)
- Детали
- понеделник, 16 февруари 2026
„За Денот на вљубените сакаме овие двајца да се смират“ - пишуваат фановите откако Владо Георгиев ја донесе за рака Беквалац на сцена, заедно ја пееја „Mi nismo ni“ и се прегрнаа и бакнаа во образ пред цела публика, по долгогодишните гласини дека биле во љубовна врска.

По повод Денот на вљубените, на 14 февруари Владо Георгиев одржа концерт во белградската арена, а освен со своите хитови, ја освои публиката и со едно изненадување.
Бендот почна да ја свири „Mi nismo mi“, а пејачот се врати наназад и ја пречека Наташа Беквалац која излезе од зад сцената, ѝ подаде рака, нежно се прегрнаа и бакнаа, па држејќи ја за половината, а потоа и за рака ја донесе пред публиката која ја дочека со силни овации.

Тие заедно го пееја неговиот хит, а за многумина изгледаше како да си ги посветуваат стиховите, со оглед на тоа што долги години постојат шпекулации дека тие во минатото, на почетокот на кариерите, биле во љубовна врска.
Фановите вирално споделуваа видеа од овој момент и пишуваа дека тоа го чекале цел свој живот, но и се шегуваа дека нема ништо подобро од пиење утринско кафе со оваа снимка.
@mladenovic_m fav duo✨ #vladogeorgiev #natasabekvalac #valentinesday #viral #fyp
♬ izvorni zvuk - masa
@dzivanovic_ #vladogeorgiev #foryou #foryoupage #natasabekvalac #danzaljubljenih ❤️❤️❤️
♬ original sound - Danica
Инаку, ова е прв нивен заеднички настап на голема сцена, по повеќе од 2 децении, колку што трае нивното познавање.
Пред неколку месеци тие исто така го привлекоа вниманието, кога таа за првпат, срамежливо му се придружи спонтано на сцена, за време на еден настан во Белград.

Таму таа ја отпеа истата песна што сега ја пееше заедно со него на концертот:
@svetpoznatih5 #vladogeorgiev #natasabekvalac #bekvalceva #viral #fyp
♬ original sound - svetpoznatih5
М. М. | Црнобело