Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“
- Детали
- четврток, 19 февруари 2026
Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана притворска казна ѝ беше одбиен (4-те месеци што ги помина во притвор во 2003-та). Таа сподели чудна ситуација со еден од обвинителите...

Цеца Ражнатовиќ во едно неодамнешно гостување проговори за еден од најтешките периоди во животот, периодот на нејзиното апсење, и откри детали од средбата со човекот кој, според нејзините зборови, во свои раце ја држел нејзината иднина. Станувало збор за еден од обвинителите во случајот.
Инаку, во мај 2011 година српските обвинители ја обвинија Цеца за несоодветно присвојување (проневерување) на околу 4 милиони германски марки и околу 3,5 милиони долари од трансферите на фудбалски играчи на клубот ФК Обилиќ, кој го водеше по смртта на својот сопруг Аркан.

Аркан беше застрелан и убиен на 15 јануари 2000 година, на 47-годишна возраст.
Исто така, таа беше обвинета и за нелегално поседување оружје, пронајдено во нејзиниот дом при апсењето во 2003 година.
На 9 мај 2011 година, судот во Белград прифати договор со обвинителството според кој Цеца ќе се изјасни за виновна и ќе биде осудена на една година домашен притвор со мониторинг преку електронска алка за надзор (така се надгледува нејзиното движење од страна на полицијата).

Законски казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана притворска казна ѝ беше одбиен (четирите месеци што ги помина во притвор во 2003 година по акцијата „Сабја“, кога беше уапсена и кратко затворена).
Со тоа, реално Цеца беше во домашен притвор околу 8 месеци, а алката ѝ беше тргната во февруари 2012 година.
Цеца раскажа како во најтешките моменти при судењето ѝ пришол токму човекот задолжен за нејзиниот случај - обвинителот.

Цеца за оваа ситуација вели:
„Ми се случува катастрофална животна ситуација во 2010 и 2011 година, околу мене хаос, приказни дека сум ваква и онаква.
Но, по некоја случајност, во целата таа моја мака ми приоѓа еден обвинител и ми вели: „Цецо, јас бев на вашиот концерт на Ташмајдан, таму ја запознав мојата сопруга.
Ние сме во брак, имаме деца. Благодарение на вас сме среќен пар“.
