Се огласи Ѓоле Џогани по вестите за развод со Весна + Каков имот поседува парот?
- Детали
- понеделник, 23 февруари 2026
По веста дека Ѓоле се иселил од семејниот стан во кој останала Весна со децата, се огласи познатиот танчар, за кој во минатото имаше гласини за неверства, па и фотографии во поинтимно издание со други жени.

Осамна веста дека се разведуваат Весна и Ѓоле Џогани, пар кој е долго време заедно, но и пар за кој и порано имало гласини за кризи во бракот, особено поради наводните неверства на Ѓоле, па дури осамнуваа и негови фотографии во поинтимно издание со други жени.
Но, сега Ѓоле се огласи за српскиот магазин Блиц и истакна дека немаат проблеми во бракот со Весна, со која има 2 деца, и дека не размислуваат за разделба.
Ѓоле откри дека двајцата биле на заедничко патување во Шпанија, од каде штотуку се вратиле.

Ѓоле за веста за разводот вели:
„Првпат слушам, не знам какви се тие глупости. Сега слетавме во Белград.
Бевме за викенд во Мадрид. Одамна го планиравме тоа, но никако да се усогласиме со времето.
Овој викенд не работевме, па го искористивме да отпатуваме и да се забавуваме.
Во нашиот однос сè е во ред. Сега со децата ќе одиме на ручек, немаме никакви проблеми во бракот, а не пак дека јас сум се иселил од станот. Сè е како што треба“.

Инаку, менаџерот на пејачката Сандра Африка за магазинот Блиц откри детали од разговорот со Ѓоле за односот со Весна, а меѓудругото изјавил:
„Не живее во станот“.

По веста дека Ѓоле се иселил од семејниот стан во кој останала Весна со децата, се огласи и неговата поранешна сопруга Слаѓа Делибашиќ:
„Мислам дека тоа е некоја шега, зезање, тие се навистина складен пар“.
Прочитајте и Ѓоле Џогани за распадот на првиот брак: „Ние немавме многу пари, а за Слаѓа се закачија некои спонзори“
На прашањето во какви односи е со Весна и Ѓоле кратко вели:
„Супер сме сите“.
