Сопругата на Пеџа Јовановиќ, со кого се разведе 2 пати, е бикини божица на Малдиви: „Имам 3 деца, но нема изговори“
- Детали
- недела, 01 март 2026
„Сакам да бидам подобар татко и подобар човек, затоа престанав да пијам“, вели Пеџа, а, пак, Ана „Поминавме низ најлошото што може да го доживее еден пар и тоа само нè направи посилни“. Таа сега блеска на Малдиви во совршени бикини изданија, откако се смири со саканиот, по 2 официјални разводи и многу разделби.

Ана Јовановиќ (38) е српска инфлуенсерка со 292.000 следбеници која постојано патува, а омилена дестинација ѝ е Дубаи.

Таа е сопруга на српскиот пејач Пеџа Јовановиќ, со кого досега 2 пати се има разведено, поради неговиот проблем со алкохолизмот, но парот повторно се смири, затоа што сметаат дека среќата им е еден покрај друг, заедно со нивните 3 деца.
Пејачот вели дека престанал со алкохолот и сака да ја сочува љубовта со својата Ана.
Ана патува и со него, но почесто сама со своите пријателки, поради работните обврски на Пеџа.

Па, така сега таа е на Малдиви, каде со низа фотографии покажа дека е вистинска бикини кралица.

Ана порачува дека и во четвртата деценија од животот, со три деца колку што има таа, може да се изгледа одлично.
„Добри гени. Уште подобра дисциплина. 38 години. Три деца. Нема изговори“, вели Ана Јовановиќ.

Пеџа во една пригода проговори за разделбите со Ана:
„Имав проблем со алкохолот, тоа сите го знаат. Кога би можел да го вратам времето, би си удрил шлаканица никогаш да не пробам.
Имаше фаза кога не се сеќавав каде сум бил и што сум правел. Ќе се разбудам дома и не знам како сум стигнал.
Пиев минимум литар виски дневно. Еве, веќе три години немам ни помирисано алкохол.
И кога ќе ги женам синовите и ќе ја мажам ќерката, нема да пијам.
Во еден момент мислев дека не можам сам да се изборам и дека ми треба стручна помош, но сепак успеав.
