Најбогатата Србинка во Дубаи се крие во специјален бункер со сопругот шеик: „Не излегуваат со денови“
- Детали
- петок, 06 март 2026
Домот на семејството Бин Драи во Палм Џумеира е еден од најскапите и најопремени во тој дел од градот. Вреди неколку стотици милиони долари, а во подрумот на нивната палата има и посебен бункер, кој е поврзан со теретана.

Поранешната Мис на Југославија, Јелена бин Драи, со години живее во Дубаи со својот сопруг, арапскиот бизнисмен, шеикот Саид бин Драи.
Парот, кој има четири деца, живее во луксузна палата, а некогашната манекенка во минатото споделуваше фотографии од дома, на кои може да се види и раскошот во кој ужива.

Но, според српските медиуми, по почетокот на војната на Блискиот Исток и иранските ракети кои секојдневно се испукуваат кон Дубаи, таа и семејството веќе не се појавуваат во јавноста, ниту, пак, се огласуваат на социјалните мрежи.
И додека туристите или дел од странците дојдени во Дубаи бараат начин да се вратат во своите земји додека аеродромот е затворен, Јелена, како и многу фамилии од богатата елита во Дубаи се крие во подземни бункери и засолништа кои ги имаат во своите вили и палати.

Според Курир.рс, кој се повикува на свој извор од Дубаи, по првите напади Јелена и нејзиното семејство веднаш се засолниле во посебен бункер изграден во нивната палата.
Ова е поттикнато дронот кој на првиот ден од нападите (28 февруари) падна на Палмата (Палм Џумеира), делот од градот каде што живеат, па семејно решиле дека засолнувањето во бункерот е најбезбедно за нив во моментов.

„Домот на семејството Бин Драи во Палм Џумеира е еден од најскапите и најопремени во тој дел од градот.
Вреди неколку стотици милиони долари, а во подрумот на нивната палата има и посебен бункер или засолниште.
Тоа се еден вид безбедни соби.

