Која е глумицата заради која Лука Дончиќ наводно ја остави свршеницата, што ја сакаше од свои 12 години?
- Детали
- среда, 11 март 2026
Откако пред две недели се пишуваше дека имал афера со српската пејачка Бресквица, Лука Дончиќ повторно е во медиумите. И повторно тоа не е заради кошарката, туку раскинатата свршувачка со Анамарија Голтес, и тоа поради холивудска актерка.

Светските и балканските медиуми деновиве не престануваат да пишуваат за раскинатата свршувачка на Лука Дончиќ и неговата љубов, Анамарија Голтес.

Откако пред две недели се шпекулираше дека не „им цветаат рози“ и дека ни Лука ни Анамарија не си честитале Валентајн јавно, таа сега ги избриша сите заеднички фотки од Инстаграм, вклучувајќи ги и оние каде што кошаркарот е клекнат на колено пред неа и ја бара за сопруга.

Лука (27) и Анамарија (28) се заедно од неговата 12 година, кога таа имала 13.

Поради него, таа се пресели во Америка, па работеше како модел и фитнес инструктор.

Во меѓувреме, Лука ја запроси Анамарија, во нивната родна Словенија, па парот ја доби и првата ќерка Габриела.

