Братот на Дарко Лазиќ загина во несреќа на мотор - Пејачот се онесвестил кога дознал
- Детали
- среда, 11 март 2026
Помалиот брат на пејачот Дарко Лазиќ возел кон Шабац кога се случила несреќата, а објавени се и неколку фотографии од кои се гледа дека моторот удрил во автомобил.

Драган, помалиот брат на Дарко Лазиќ, загинал во сообраќајка со мотор, пренесоа српските медиуми.
За сега се знае дека тој возел кон Шабац кога се случила несреќата, а објавени се и неколку фотографии од кои се гледа дека моторот удрил во автомобил.
Фото: Инстаграм
Според Телеграф.рс, кога дознал за несреќата, на Дарко му се слошило и се онесвестил.

Тој бил контактиран од новинарите на овој медиум, но само им рекол „Не можам... не можам да зборувам“.
На Инстаграм Стори кај Дарко пред помалку од 24 часа е објавено видео како возат мотори со група луѓе и се забавуваат.
Фото: Инстаграм Стори Дарко Лазиќ
Драган, исто како и Дарко пеел, но не се занимавал активно со музика, ниту се трудел да изгради кариера.

Но, тој своевремено се појавил на еден од концертите на Дарко во Сава Центар во Белград.

Дарко и Драган биле многу блиски, а времето често го поминувале во Брестач, каде што и двајцата имале куќи.
А. Ј. | Црнобело