Србинка со видео што ежи покажува како ја скршила ногата - без да падне
- Детали
- четврток, 12 март 2026
„Како да го скршите стапалото, без да паднете“, вели Настасја Недимовиќ од Нови Сад и со видео од надзорната камера во својот дом покажува како всушност завршила со гипс, кој ќе го носи 5, 6 седмици. Видеото ќе ве наежи затоа што покажува колку „лесно“ можеме да скршиме коска.

Настасја Недимовиќ од Нови Сад е српска инфлуенсерка што се труди да шири позитивност, по нејзината борба со ракот.
Таа се труди да им даде поддршка и едукација на сите оние што сѐ уште се борат со оваа болест.
Настасја на Инстаграм има 305.000 следбеници, објавила неколку книги со рецепти, а сега по еден повторно немил настан во животот – кршење на нога, повторно го покажува својот позитивен дух.

Таа откри како симнувајќи се по скали и извиткувајќи го стапалото навнатре, без да падне, успеала да скрши коска.

Кликнете на видеото:
Но, ниту овој животен предизвик не ја спречил да се откаже од физичката активност, па таа го прикажува своето секојдневие со гипс на ногата, каде дури и вежба во теретана.

Таа вели:
„Кога можев да вежбам со рак, можам и со скршено стапало“.