„Работев во фабрика и копав на 40°С“ – Јаков Јозиновиќ (20) открива како заработувал пред да се прослави

„Пред 3 години работев на археолошки ископи на 40 степени. Потоа работев во фабрика за свеќи, па работев во овоштарник, секаде работев навистина. Дефинитивно тоа ме изгради, за да бидам благодарен сега на тоа што го имам“ - вели младиот Јаков Јозиновиќ, кој за само неколку месеци стана сензација во регионот. 

rabotev-vo-fabrika-i-kopav-na-40-s-jakov-jozinovikj-otkriva-kako-zarabotuval-pred-da-se-proslavi-01.jpg

Јаков Јозиновиќ е млад, харизматичен и скромен млад дечко, кој со голема брзина ја гради својата музичка кариера како соло пејач.

20-годишното момче од Хрватска последниве 6 месеци е вистинска сензација и речиси не постои човек што не слушнал за него.

Јаков успеа без ниту една своја песна да ја освои публиката во целиот регион и да закаже неколку концерти, а сега веќе има неколку авторски песни кои исто така стануваат хитови, покрај преработките кои ги пее.

За 30 минути распродаде концерт во Белград, а нема своја песна - Кој е Јаков Јозиновиќ (20) по кого полуде цел Балкан?

Последно тој одржа концерт во Нови Сад каде цела публика пееше во еден глас со него, а вистинско изненадување беше кога на сцената со него се појави и Саша Ковачевиќ.

На 9 април Јаков ќе го има својот прв концерт во Скопје, во склоп на неговата турнеја, откако минатиот месец настапи на „Златна бубамара на популарноста“, каде освои и награда.

rabotev-vo-fabrika-i-kopav-na-40-s-jakov-jozinovikj-otkriva-kako-zarabotuval-pred-da-se-proslavi.jpg

Неодамна гостуваше во хрватска телевизија, каде зборуваше дека не се чувствува променето и покрај популарноста, освен што е малку позрел.

Таму младиот пејач открива дека пред да стане тоа што е сега, работел секаков вид на физичка работа за да заработи:

„Пред 3 години работев на археолошки ископи на 40 степени. Со обѕир на тоа дека доаѓам од Винковци, а таму знаеме дека е плодно археолошко подрачје, сешто ископав.

Потоа работев во фабрика за свеќи, па работев во овоштарник, секаде работев навистина.

rabotev-vo-fabrika-i-kopav-na-40-s-jakov-jozinovikj-otkriva-kako-zarabotuval-pred-da-se-proslavi-04.jpg

И понекогаш и сега си велам ај ти оди малку на 40 степени да работиш пак, за да бидеш благодарен на сè она што го имаш во моментов.

Дефинитивно тоа ме изгради како човек“.

Погледнете го целото гостување во емисијата:

Прочитајте и Јаков Јозиновиќ за CRNOBELO: „Љубовниот живот ми е потежок откако станав популарен“

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се шири снимка од Јаков Јозиновиќ како се бакнува со девојка на јахта – гласини дека е Џејла Рамовиќ... Вирално се шири снимка која Јаков ја сподели на Инстаграм Стори, па ја избриша -...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
„Дечкото има магија, каква емоција! Која нова песна на Јаков Јозиновиќ ме освои на прва?“ Кога го слушам него слушам емоција, слушам магија, има некој X фактор во него. М...
„Некој да ме гледа како тој неа“ – Јаков Јозиновиќ (20) и Џејла Рамовиќ (23) во ново видео разгореа ... „Колку делуваат заљубено“, „Сакам да најдам некој што ќе ме гледа како Јаков што...
Здравко Чолиќ ѝ прослави 24-ти роденден на ќерката со забава во ресторан - букет рози, чанта од 2.80... Уна Чолиќ пред извесен период конечно го откри идентитетот на 10 години постарио...
Јаков Јозиновиќ го крена Белград на нозе - Ѝ подари роза на Пријовиќ, цела српска естрада му дојде н... Јаков Јозиновиќ пееше со Саша Матиќ, Џенан Лончаревиќ и Сергеј Четковиќ, не ги к...

Најчитани неделава