Мина, сопругата на Огњен Амиџиќ, откри зошто нема да се врати во „Амиџи шоу“ (и се шегува на негова сметка)
- Детали
- недела, 29 март 2026
„Се запознавме преку заеднички пријатели, кои подоцна ни станаа и кумови. Во морето на сè со што се среќаваме во нашата работа... Мина ме воодушеви“, изјави Огњен во една пригода за сопругата, која прво беше водителка во неговото шоу. А таа се шегува: „Може татко да ми биде, но не ми е!“

Мина Амиџиќ, сопругата на водителот Огњен Амиџиќ, е многу активна на Инстаграм и често одговара на прашања од следбениците, па така овој пат таа откри дали планира да се врати во „Амиџи шоу“, каде претходно имаше свој сегмент во емисијата.

Мина на прашањето: „Зошто не се враќаш во шоуто?“, вели:
„Бидејќи сум му дистракција на Огњен (му го привлекувам вниманието) и тој не може да се фокусира на работата“.

Парот има две деца, а Огњен во една пригода откри:
„Се запознавме преку заеднички пријатели, кои подоцна ни станаа и кумови.
Ме повикаа, ми рекоа дека имаат пријателка која е феноменална, за да разговарам со неа за работа.

И навистина, кога ја запознав, бев многу пријатно изненаден.
Во морето на сè со што се среќаваме во нашата работа... Ме воодушеви.

И се сеќавам кога Мина дојде, јас бев во студио и кога се појави, останав зачуден.
Не само што изгледаше фантастично, туку и нејзината приказна беше исклучително интересна.

Беше гужва во студиото, таа замина, јас го расчистив студиото и ја повикав да се врати.
Ѝ реков: „Дојди, те молам, да зборуваме нормално“.
Навистина ми остави неверојатен впечаток.
