„Моето семејство“ - Бака Прасе со девојката повљубен од кога било, по наводната разделба се бакнуваат јавно
- Детали
- сабота, 28 март 2026
„Моето семејство“, напиша Бака за својата сакана Милена и нивниот миленик, а потоа ја бакнуваше на стадион додека двајцата се облечени во дресови „Баба Прасе“. Скандалозниот јутјубер очигледно го пронајде својот мир покрај атрактивната Милена, иако неколку дена претходно лажно претстави разделба...

Јутјуберот Бака Прасе знае како да го привлече вниманието на јавноста, постојано да се зборува за него, а потоа од истото да профитира.
Така, лажно одекна веста дека раскинал со неговата девојка Милена Стаменковиќ.

Бака Прасе тогаш дури и се огласи и отворено зборуваше за причините за наводната разделба, но подоцна се покажа дека тоа не било вистина.

Тој објасни дека Милена наводно повеќе не живее со него затоа што „не можела да се носи со притисокот од јавноста“.

Бака Прасе изјави:
„Како што гледате, во последно време Милена ја нема на лајвови, а не само што ја нема на лајвови, туку ја нема ни дома.
Ќе објавам на Инстаграм подетално, нема сега да зборувам за ова, но едноставно не можеше да се носи со тој јавен притисок.
Се надевам луѓето ќе разберат и нема да ме малтретираат, затоа што ни мене не ми е лесно, но што да се прави, се случува“.

Сепак, дека станува збор за уште една „шега“ на јутјуберот, потврдија неговите нови објави.
Тој на Инстаграм сподели фотографија со Милена, со што стави крај на сите гласини дека повеќе не се заедно, демантирајќи се самиот себеси од пред неколку дена.
Среќниот пар позираше прегрнат, а со нив беше и нивното куче.
„Моето семејство“, напиша Бака во описот на фотографијата.

Инфлуенсерот не ја крие среќата што е емотивно исполнет и што нашол мир покрај Милена, која го поддржува во неговата работа.

