Како изгледаше една од најбогатите српски инфлуенсерки, Дуња Јованиќ, пред естетските операции?
- Детали
- недела, 29 март 2026
Српската инфлуенсерка Дуња Јованиќ, која тежи неколку милиони евра и важи за стилска и модерна девојка, која се негува себеси и сака да се покаже во природно светло, во минатото изгледала малку поинаку - естетските корекции, но и променетиот стил си го направиле своето.

Дуња Јованиќ денес важи за гигант на социјалните мрежи во Србија и регионот, таа е една од најпознатите и најследени инфлуенсерки, а од пред 5 години е и успешна сопственичка на моден бренд.
Таа неодамна прослави 5 години постоење на нејзиниот бренд BEBE by Dunja, со гламурозна прослава, на која присуствуваше речиси цела српска естрада.
Пред 10-тина години почна да се занимава со блогерство на социјалните мрежи, студирала економија, а денес е успешна инфлуенсерка и претприемничка, која тежи неколку милиони евра, како што пишуваат српските медиуми.
Дуња важи за модерна девојка и стилска Инстаграм икона, која сака да експериментира со изгледот и аутфитите, но многу работи и на своето тело и убавина, па постојано се негува, внимава на исхраната и вежба.
Сепак, иако се труди колку што е можно повеќе да биде природна и на своите следбеници да им се покаже во секакво издание, сепак и таа има подлегнато на естетски процедури, судејќи по старите фотографии, но и видеа од времето кога учествувала на музичко талент шоу.
На социјалните мрежи многумина објавуваат фотографии од неа од пред да стане позната, кои и таа самата се уште ги чува на Инстаграм.
Забележително е дека направила корекција на носот, но и други помали естетски процедури кои ѝ помагаат секогаш лицето да ѝ блеска.
Секако, освен естетските процедури, своето си го прават и зрелоста, вкусот за мода и шминка, негувањето и севкупно стилот, кои со тек на време стануваат подобри.
Повеќе нови фотки од Дуња:
M. M. | Црнобело