Српски пејач денес бил пријавен за семејно насилство од сопругата - не им е прв скандал
- Детали
- петок, 17 април 2026
Сопругата на Марко Булат повикала полиција и пријавила дека по расправија тој ја нападнал. Марко и Марија Булат во брак се од 2015 година и имаат две деца. Марко и нашиот Тони Зен учествуваа во иста сезона на шоуто „Survivor“.

Марко Булат е српски фолк пејач, кој е познаник со нашиот Тони Зен, уште од времето кога двајцата учествуваа во реалното шоу „Survivor“ (Преживеан).
Марко сега се најде среде скандал, за кој пишуваат сите регионални медиуми.

Тој денес (17.04) бил пријавен за семејно насилство од сопругата Марија Булат.
Марко и Марија се во брак од 2015 година, имаат две деца и ова им е втор брак на двајцата.
Таа повикала полиција и пријавила дека по расправија тој ја нападнал. Полицијата интервенирала и го однела на разговор во станица.
Марија била испратена на лекарски преглед.

Според подоцнежни информации во српските медиуми, пријавата била повлечена по кратко време.
Но, помеѓу сопружниците и порано имало пријави и проблеми во односот.

Во 2024 година, самиот Марко Булат ја пријавил сопругата за семејно насилство (според негови изјави во медиуми).
Први фотографии од Марија Булат по инцидентот ТУКА...
С. С. | Црнобело