Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родителска грижа“

Кумовите тајно доаѓаа од време на време и ми носеа храна, ореви, штрудли. Главно храна, бидејќи кај мајка ми постојано бев гладна.
Една сосетка ни помагаше и таа тајно им кажуваше кога да дојдат.
Немав телефон, кај неа одев да се јавам“.

За смртта на отуѓениот татко, кој не бил дел од нејзиниот живот во една пригода изјави:
„Сонував дека еден ден ќе ме повика и ќе ми каже: „Сакам да те видам, да разговараме“. Шансата за тоа неповратно исчезна.
Никогаш нема да се сретнеме, нема да се видиме, нема да ми побара прошка, иако јас нему одамна му простив.
Не ги знам причините зошто се однесувал така, не можам да го осудувам“.

Инаку, Звечанска е установа за згрижување деца без родителска грижа, се наоѓа во Белград, во населбата Звечанска, по која го добила и називот.
Тоа е државна институција каде што се згрижуваат: бебиња и деца кои немаат родители или услови за живот дома , деца одземени од семејства поради тешки социјални услови и млади на кои им е потребна привремена заштита.



С. С. | Црнобело
