Ѕирнете во вилата на Стјепан Хаусер, кој беше во љубов со Розга – луксузен двор и рајски поглед кон Јадранот
- Детали
- недела, 05 април 2026
„Се будам со погледов, гледам заоѓање на сонце и свирам, мир и тишина, милина“ - Познатиот хрватски виолончелист, познат и како заводник кој беше во љубов со Јелена Розга, има луксузна вила во срцето на Истра како холивудските ѕвезди – со поглед на море, огромен двор со базен, одбојкарски терен и скриен од погледи од страна.

Стјепан Хаусер, виолончелистот кој се прослави во дуото 2Cellos, а потоа продолжи соло, може да се пофали со луксузен животен стил.
Тој постојано патува на секакви дестинации каде снима видеа на кои свири бос, опкружен со прекрасни девојки.
Но, и во неговата Хрватска, во срцето на Истра, има луксузен имот како холивудските ѕвезди.
Музичарот го пронашол својот мир, далеку од метежот и рефлекторите, па неговиот дом зрачи со елеганција и комфор, каде тој си создал оаза за одмор.
Куќата е покрај Јадранското Море, со прекрасен поглед од високо, има огромен двор, уреден луксузно, со базен, но и со терен за одбојка.

„Еве, си најдов конечно некоја своја оаза. Постојано бев на турнеи по светот, патувања, лудница, да немаш време за себе да земеш здив и да уживаш во она што си го стекнал.
Џабе е цел успех и пари на светот ако не стигнеш да уживаш во тоа. Одлучив да почнам конечно како што треба. Ова е чиста инспирација.
Погледот, наутро кога ќе се разбудиш и на заоѓање на сонцето, замисли да го гледаш тоа и да свириш оттука.
Мир и тишина, божествено“ – изјавил тој во една прилика.

Повеќе фотки кои Стјепан ги има објавено на Инстаграм од вилата:





Инаку, откако пред неколку години раскина со Јелена Розга, заводникот не може да ја пронајде вистинската девојка, па многумина го критикуваат дека станал женкар.
Последно објавуваше фотографии со Украинката Марија, но никој со сигурност не може да потврди дали се уште заедно, дали има некоја друга или е слободен.
M. M. | Црнобело